|

(Видео) Сметот се чисти и блокади нема, тврди директорката на „Комунална хигиена“

Директорката Косана Мазнева, која раководи со „Комунална хигиена“, посочи дека ова претпријатие сега веќе работи нормално, без блокади. Работата, според неа, е вратена во нормала. Посочува дека блокадите биле да се наруши нејзиниот кредибилитет, како и кредибилитетот на Данела Арсовска, која ѝ даде директорска позиција.

„Градската администрација и ‘Комунална хигиена’ – Скопје успешно се справија со блокадата на нашето претпријатие од страна на мафијашките структури, кои не дозволуваа ниту еден вработен да си ги врши работните задачи. Помала група вработени, кои 15 години ја држат трета смена во претпријатието, спротивно на законите, а некои од нив не доаѓаат ни на работа, го блокира работењето на претпријатието, како и извршувањето на работните задачи, и не дозволуваа да се исчисти сметот во град Скопје“, рече Мазнева.

Таа посочи дека сметот се чисти.

„Иако навремено ги известивме институциите, им беше дозволено и натаму да продолжат со самоволието и блокадата. Само кога притисокот на јавноста стана целосно неподнослив, надлежните органи ја извршија својата работа за која земаат плата. Работата на ‘Комунална хигиена’ е вратена во нормала, а сметот се чисти. Оваа блокада беше за нарушување на мојот личен кредибилитет и кредибилитетот на претпријатието и нарушување на кредибилитетот на градоначалничката Арсовска“, додава Мазнева.

Таа е децидна дека нема да дозволат самоволие.

„Јавниот интерес, интересот на граѓаните е, пред сè друго, и нема да дозволиме никој да го урива. ‘Комунална хигиена’ ќе продолжи со своите работните обврски“, додаде Мазнева.



Слични Објави