Попоски најавува услови за ново невреме проследено со дожд, град и засилен ветер
До петок нашата територија ќе се наоѓа под влијание на изразено влажна и нестабилна воздушна маса. Во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди, додека во попладневните на многу места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд кој повторно може да услови поплавувања, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Токму поради ова на граѓаните им советуваме да бидат претпазлив.
Постабилна Атмосфера ќе имаме за време на викендот.

