|

Попов: Единствената институција која изминатите години работеше за сузбивање на корупцијата беше ДКСК, но ниедна нивна иницијатива до обвинителствата не е прифатена

Извештајот за работа на ДКСК само го потврдува размислувањето и тврдењето на најголемиот дел од јавноста и нас како ВМРО-ДПМНЕ во времето кога бевме опозиција, корупцијата метастазира во Република Македонија и дека навлегува во секоја пора од нашето општествено живеење, што го прави животот за младите луѓе и за сите граѓани во државата, неиздржлив. Бидејќи се сведува дека ништо во оваа држава не може да се заврши без некакво ниво на корупција, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов на денешната собраниска седница на која се разгледува извештајот за работата на Државната комисија за спречување корупција за 2023 година.

„Имено Државната комисија за спречување на корупцијата во својот извештај нотира дека на тема реформа на јавната администрација, немаме никаков напредок, дека на тема правосуден систем на Република Македонија, исто така, немаме никаков напредок, на тема превенција и борба против корупцијата не е постигнат никаков напредок и корупцијата е распространета. Но не го тврди ова само ДКСК, туку ова го говори целата македонска јавност, но го говорат и значајни меѓународни, релевантни фактори и истите тие фактори ДКСК ја нотираат како единствена институција во Република Македонија која што се занимава и нешто работи на тема сузбивање на корупцијата Македонија“, рече Попов.

Попов го цитираше и американскиот Стејт департмент кој што детектира сериозна владина корупција, како и Европската комисија нотира и исто така ја пофали ДКСК, што значи дека во Република Македонија само оваа комисија се занимава со решавање на овој проблем.

„И токму затоа ДКСК во својот извештај нотира дека нема доволна соработка и ангажираност од страна на останатите државни институции за борба против корупцијата и ова не е кажано случајно, ова е поткрепено со факти. Значи од 28 иницијативи на ДКСК до јавните обвинителства една е одбиена, 27 се во тек. Ова да не е жално ќе биде смешно, бидејќи да беа 15 во тек, 12 прифатени, една одбиена ќе кажевме дека нешто се работи, но да биде само една одбиена, а 27 се во тек значи дека едната ја одбиле бидејќи навистина нешто нашле да ја одбијат, а со другите ги боли главата и не знаат што да прават, затоа ги оставаат да бидат во тек“, посочи Попов.

Слични Објави