| |

КОЛЕВ ОТКРИ ДЕКА Е МОЖНО СОМНИТЕЛНА ФИРМА ДА ДОБИЕ МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР ВО ШТИП

Петар Колев ја предупреди локалната власт во Штип за можен криминл со распишана јавна набавка за песок и чакал, во која една многу чудна фирма добива тендер за огромна сума на пари.

Петар Колев откажа да даде повеќе детали но изрази мислење дека името на фирмата започнува со првата буква од неговото име, а имено П.

Колев изрази надеж дека локалната власт нема да го потценат капацитетот на штипјани и во наредниот перид ќе организираат нов тендер, бидејќи тоа ќе биде таков скандал, кој ќе стигне до комесарот за проширување на ЕУ. Такви скандални активности не правел ни Сашо Мијалков во неговите најдобри времиња. Колев уште еднаш апелираше до градоначалникот Бочварски да обрне внимание на овој тендер, на ЈП Стипион, фирма со буква П која го добива овој тендер на електронска аукција.

Колев ги праша советниците од ВМРО-ДПМНЕ зошто досега ниту еднаш не реагирале за ниту една јавна набавка особено за оваа со чакал и песок.

„Дали ВМРО-ДПМНЕ- Штип си молчи за некои прашања кои се сврзани со тоа како се распределуваат јавните набавки. Дали некои нивни видни функционери учествуваат во распределбата на тендери. Ако ВМРО-ДПМНЕ не преземе мерки да го запре овој тендер, ГДУ ќе ја информира штипската јавност кои високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ имаат дирекни бизнис интереси во конкретната јавна набавка“, праша Колев во емисијата „168 Анализи и коментари“.

Слични Објави