ЗА ГОЦЕВИТЕ РАБОТИ

После неколку месечен молк повторно бугарско-македонските односи доаѓаат во преден план. Изборите и постизборните игри во Македонија и протестите во Бугарија ги ставија историските спорови во втор план. Во еден момент дури почнаа и да ми недостигаат аутистичните крици како Гоце не го даваме (ко да не рекол сам дека е Бугарин), но чим истите почнаа повторно да допираат до мене веднаш зажалив. Сфатив колкав раат сме имале додека поголем проблем ни беше што ДУИ со 15 пратеници уценува од кој етникум ќе биде премиерот, што државниот врв бега од зборот Македонија како слон од глушец, што на луѓе им се причинува дека Нефи ги удрил итн.

loading...

Сепак еве сме пак на браникот на историјата, имавме протест за комисијата да не го даде Гоце, емисии на секоја ТВ станица каде што се „дебатираат“ македонско-бугарските односи, безброј објави по социјалните мрежи и сл. Дојдоа пак интересни времиња. Македонскта пропагандна машинерија се вклучи на најјако сега за внатрешна цел. После секоја блокада или контроверзна изјава од Бугарија имаме 5 емисии на ТВ со „почитувани“ гости и историчари на кои им се дава 30-40 минутен монолог со цел да го осигураат гледачот во неговиот македонизам и да го убедат дека Гоце вистина не бил Татар. Дури не мора ни да се историчари, може и да се српскиот радикал Стевче Јакимовски и генералот Ангелов кои како признати авторитети во историјата ќе заклучат дека Гоце е Македонец затоа што нема некој што се вика Гоце во Бугарија.

Како и да е лудилото и хистеријата се во моментов пуштени на најјако, а на никого не му текнува да подразмисли, да се праша, „чекај бе мајко му стара, од каде тоа татарине си земаат за право да го присвојуваат Гоце, кои се нивните аргументи“? Срамежливо можеби, ќе признаат соочени со фактите дека Гоце всушност се декларирал како Бугарин, но брзо ќе го релативизираат тоа со одговор или дека морал поради документи како денес за пасош или поради Црквата. Тотални бесмислици. Кога ќе ги соочоиш со фактот дека бил бугарски учител, предавал на бугарски и им предавал на македонските деца дека се Бугарчиња, ќе ти кажат ами немало македонски, па морал таму. Ама ајде што морал, но кој него можел да го натера да ја држи нивната програма или план? Човекот глава во торба ставал да се бори со Османската Империја, но ете за работата му било страв. Истото важи и за неговото школување во бугарските училишта и секако учењето за да стане бугарски офицер, спремен да го положи животот за Бугарија. На сето тоа ќе ти речат, „ама Гоце се бореше за независна Македонија, каков е тој бугарин што го прави тоа“, што е фактички погрешен заклучок и еден мит со кој се пробува да се релативизира делувањето на Гоце. Гоце никогаш не се борел независна Македонија, туку целта на неговата организација била автономија за Македонија и Одринско. Официјално тоа била целта на внатрешната организација каде што можеле во прво време да членуваат само Бугари, која што според самиот Гоце ако му веруваме на неговиот кумашин Коце Ципушев била само етапа да се запазат тие две области во целост за некое идно присоединување кон Бугарија. Гоце колку што време поминувал во обиколка на четите во Македонија, толку време поминувал и во Одринска Тракија.  Гоце дури и го раководи одринскиот рев. конгрес. Можеби тој имал свои размислувања како би било идеалното ослободување, можеби како социјалист фантазирал за во тоа време меѓу нив популарната Балканска Федерација и гаел силни чувства кон својата родна земја, но Гоце никогаш не отстапил од тоа што заговарала Организацијата и секогаш делувал во рамките на бугарската општествена реалност и низ бугарските институции.

На крајот од краиштата што некого го прави припадник кон некоја нација? Тоа не е некоја биолошка категорија, тоа е група на луѓе која што верува дека дели култура, јазик и делува во некои заеднички институции. Така и Георги Николов Делчев се образувал во бугарските институции, говорел и пишувал на литературниот бугарски јазик, во личните писма се кажува за Бугарин, бил ширител на бугарската национална пропаганда низ нејзиниот црковно-образовен систем (на кој како Унијат не му ни припаѓал!), работел во организација заедно со тракијските Бугари, се инспирирал и се угледувал на бугарските национални херои како Ботев и Левски и ги чувстувал за свои, живеел во Софија, ја координирал својата работа со „предавниците“ од ВМОК кои се тесно поврзани со бугарскиот двор и армискиот врв итн. Дали ние тоа и дејствата на неговото потесно семејство после неговата смрт треба да ги тргнеме на страна и да се правиме дека Гоце бил македонец како што се денес Миленко или Груевски? Тоа некако нема логика.



loading...

Георги Делчев си кажал за себе си што е по етнчка и национална припадност и тоа е факт.Исто така е факт дека и денешните Македонци можат со гордост да го слават, да го држат во својата химна и да му градат споменици. Сепак тој човек загина да ја ослободи оваа земја од ужасното турско ропство и иако никогаш не престанал на биде Бугарин, бил инспирација за тие што покасно ќе ја основаат македонската нација. Само проблемот што настнаува ако се признае дека Гоце бил Бугарин е признавањето дека бугарската страна е генерално во право во овој историски спор. Ќе испаде дека овој народ, на кој што му е всадено во главата да гледа на бугарите како на нешто смотано, гнасно, мизерно, сепак бил едно со тие превртливи татари во минатото.  Ќе се сруши целиот мит на тие кои веруваат дека Македонците се едно те исто од времето на Аце и Букефал или од доселувањето на словените до денес. Затоа и тие така жестоко се борат да го „задржат“ Гоце, па макар и да влезат повторно во федерација со Србија како што милува уважената професорка Василевска. Истата Србија што му го тргна името од белградските улици како Бугарин кој делувал против Србите.

Автор: Маузер