Зеленски го објави своето пристигнување во Вашингтон за средбата со Трамп
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека сите имаат заедничка цел – брзо завршување на војната и постигнување траен мир, јавува БГНЕС.
„Сите споделуваме силна желба оваа војна да заврши брзо и сигурно,“ напиша Зеленски на социјалните мрежи при своето пристигнување во Вашингтон. Денеска украинскиот лидер ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, а на разговорите ќе присуствуваат и група европски лидери.

