| |

П. КОЛЕВ: ПОТРЕБЕН Е ДЛАБОК РЕЗ НА СИСТЕМОТ, ТЕМЕЛНА ПРОМЕНА

Претседателот на ГДУ Петар Колев, во емисијата „Анализи и коментари“ на ТВ Стар, изјави дека на Македонија и е потребен длабок рез и темелна промена.

Токму заради тоа неговата партија бара промена на изборниот модел, преку која политичката одговорност на избраните пратеници ќе се зголеми, бидејќи тие ќе одговараат директно пред луѓето што ги гласале.

Отворените листи ја даваат токму таа можност, бидејќи избраниот пратеник нема да биде избор на лидерот, туку директно на граѓаните.

Според Колев, ваквиот систем ќе ја намали појавата и на пратеници од типот на Силвана Бонева и Мира Стојчевска, кои што ги срушија сите рекорди за наплата на патни трошоци.

Слични Објави