„Песната „Полетај“ е сублимат на моите две кариери, музичката и воздухопловната, а да биде уште поспецифична и уникатна таа песна, авторот на музиката, Ханс Грејс исто така е контролор на летање од Карлсруе, Германија. Тој беше и специјален гостин на промоцијата.“ – изјави за нашиот портал македонската пејачка и кантавтор Miyatta по повод промоцијата на видеоспотот за нејзиниот најнов проект „Полетај“, којашто се одржа во понеделникот во ресторанот Рагуза Rooftop 360.
Miyatta подвлече дека песната немало да биде со вакво интересно звучење, ако не била помошта на Дамир Пух, околу аранжманот и неговата сопруга Наташа Миха во вокалната интерпретација.
„Онаа првична идеја што ја имал Ханс Грејс, Дамир Пух ја направи да звучи уште по рокерски, уште по рокерски, германски и сирово“- вели Miyatta.
Песната „Полетај“ е прв проект на Miyatta со Мелем продукција и режисерот Огнен Шапковски.
„Оваа песна е прва моја соработка со Огнен Шапковски како режисер и Мелем продукција. Директор на фотографија е Кристијан Тодоров. Дечките што се појавуваат во спотот се Кире Мирчовски- гитара, Ване Ѓорѓиовски-бас и Иво Митковски на бубњеви. Тие се феноменални“- истакна Miyatta.
Во крајот на нашиот разговор Miyatta ја изрази својата благодарност до сите инволвирани во проектот, заради нивната професионалност и начинот на кој го прифатиле овој проект како свој.
Најново од Истакнато
Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да
Започна „XIV детски олимписки одмор – Босилеград 2022“. Денеска во 09:00 часот во Босилеград, во месноста
Младиот бугарски историчар и уредник за меѓународна политика во dividend.bg Кирил Илиев го објаснува францускиот предлог,
Facebook статус на Никола Димитров Новата опаковка на предлогот е апсолутно истиот непоправлив дебакл со кој
Пакетот има европска компонента и билатерална компонента. Билатералната компонента е протоколот, тој веќе не е во