ПОРАНЕШЕН МАКЕДОНСКИ СЕЛЕКТОР УДРИ ПО ПАРТИЗАН: ТОА СЕ ШИЗОФРЕНИЦИ!

Белградските великани Црвена Звезда и Партизан веќе неколку недели се во „отворена“ војна околу тоа кого државата фаворизира, после серијата криминални пенали досудени за актуелниот српски првак, на што партизановци жестоко реагираа.

После тешки обвинувања преку медиумите од раководството на Партизан, вчера во Белград дел од легендите на клубот, меѓу кои и поранешниот македонски репрезентативец и селектор Бошко Ѓуровски здружено ги нападнаа црно-белите и застанаа во одбрана на својот клуб.

„Молчевме и се однесувавме во тој дух повеќе од две години, ама гледаме дека Партизан стана шизофреничен. Партизан го зафати една колективна хистерија, организирана од политичкиот спин мајстор Милорад Вучелиќ. Сето ова личи на истото сценарио од 2017 година, кога кукаа на цел глас и на крај направија амбиент за да ни ја украдат титулата. И сега мора да реагираме кога сме први на табелата и кога имаме четири бода повеќе. Сега кога нè украдоа во дербито, зашто ни беше поништен чист гол на 0-0, Звезда да триумфираше ќе имаше 10 бода предност. Реагираме после викенд во кој Ц. Звезда победи, а Партизан изгуби и сега мора ѝ да покажеме на целата јавност за оваа хистерија од страна на Партизан со која сакаат да ги затрујат и навивачите на Партизан. Сакаат на овој начин луѓето во Партизан да си ги заштитат фотељите за кои не се дораснати“, рече Ѓуровски, кој е роден во село Жилче, тетовско.

Извор: Спорт1

Слични Објави