|

Поранешниот бугарски амбасадор во РС Македонија Јорданов: Ќе бараме веднаш да се прекинат преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ

Апсолутно сум убеден дека Бугарија треба да настојува и пред Европскиот парламент и пред Европската комисија процесот на преговори на РС Македонија со Европската унија да биде прекинат. Додека оваа земја не го реши прашањето кон основното нејзино население Бугарите. Ова за агенција Фокус го изјави бугарскиот европратеник и поранешен амбасадор на Бугарија во РС Македонија Александар Јорданов.

Изјавата на Јорданов доаѓа по претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ Христијан Пендиков, што се случи синоќа во Охрид.

Според него проблемот со нападите врз Бугарите во РС Македонија треба да биде решен во три насоки: Политичарите да прекинат со анти -бугаризмот , образовниот систем да се смени и медиумите да започнат да говорат како вистински европски медиуми а не како медиуми од времето на комунистичка Југославија.

Јорданов најави дека во понеделник ќе го постави прашањето пред групата на Европската народна партија и ќе раскаже за случајот со претепувањето во Охрид пред Комисијата за надворешни работи на ЕУ.

,, Тоа што можам јас да го направам е уште во понеделник да го поставам прашањето пред пратеничката група на Европската народна партија на седница а потоа да го поставиме прашањето и пред Комисијата за надворешни работи на ЕУ. Ќе раскажеме за случајот на колегите и ќе ја побараме нивната поддршка за една поодлучна и покатегорична политика кон Владата, политичарите и активностите на државата Северна Македонија против европска Бугарија”, вели Јорданов за Фокус.

Слични Објави