„Бугарија има јасна и силна позиција за Северна Македонија, која останува непроменета. Одлуката за свикување на Консултативниот совет за национална безбедност (КСНС) е целосно во рацете на претседателот“, изјави денеска шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска.
Генчовска подвлече дека со неа немало задкулисни разговори за укинување на ветото.
„Ние слушаме само тоа дека тие сакаат да го укинеме ветото, но не можам да видам конкретна акција од нивна страна. Ние не се пазариме – зад сцената, пред сцената, ние не се пазариме“, рече Генчовска.