Јотова: Петков да даде друг аргумент за свикување на Консултативниот совет, освен притисокот за РС Македонија

//

„Премиерот вчера го аргументираше својот предлог со меѓународен притисок, но не даде можност да слушнеме повеќе аргументи – има ли промени во условите, има ли нови резултати од страна на Република Северна Македонија? На 10 јануари имаше речиси 5-часовен состанок на КСНС, по што излеговме со единствена консолидирана национална позиција. Имаше два многу важни елементи – дека не можеме да се заложиме за конкретни рокови во однос на давање зелено светло за почеток на преговорите и дека очекуваме конкретни резултати. Ако премиерот најде аргументи во оваа насока, правилно беше да ги слушнеме“, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова по повод повикот на бугарскиот премиер Кирил Петков за свикување на Консултативниот совет за национална безбедност кај претседателот Радев со главна тема РС Македонија.

Според неа, во последните месеци има зголемување на случаите на говор на омраза од РС Македонија кон Бугарија.



„Имаше нешто недоречено во вчерашното видео на премиерот Петков. Имав чувство дека нешто навистина се случило – дека на крајот од работниот ден се случило нешто неочекувано. Има нешто имплицитно“, се сомнева Јотова.



Претходна статија

Генчовска: Позицијата на Бугарија за РС Македонија е силна и јасна

Следна статија

Бугарската претстава „За љубовта и се останато“ изведена во Битола

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да