Захариева за претепувањето во Охрид: Бугарија не може да прави компромиси кога се води жестока и апсолутно неоснована кампања против се што е бугарско.
Нов напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија – претепан е секретарот на бугарскиот клуб во Охрид Христијан Пендиков. На социјалните мрежи се шири и список на други Бугари со повици за насилство врз нив, пишува на социјалната мрежа Facebook поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.
„Долго време предупредувавме до што може да доведе ваква државна политика која шири дискриминација, омраза и поделби.
Не знам колку пати треба да се предупредат политичарите во Северна Македонија дека тоа не е патот кон Европската Унија. Бугарија не може да прави компромиси кога се води жестока и апсолутно неоснована кампања против се што е бугарско. Неопходно е Скопје со дела јасно и категорично да покаже дека ја остава во минатото мракобесната југокомунистичка идеологија која ја создаде македонската нација врз основа на омраза кон Бугарија. И за почеток, очекуваме брзи и бескомпромисни дејствија против сторителите на ова претепување“, пишува Захариева.

