| |

Поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов ќе биде специјален гостин на изложбата „Бугарија од птичја перспектива“, која вечерва ќе биде отворена во КИЦ на Бугарија во Скопје

По повод одбележувањето на Денот на Соединението на Кнежество Бугарија со Источна Румелија 6 септември, вечерва во Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје ќе биде отворена изложбата „Бугарија од птичја перспектива“.

Специјален гостин на изложбата ќе биде поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов.

Фотографиите кои се дел од изложбата за првпат ќе бидат претставени во Скопје. Нивен автор е бугарскиот фотограф Александар Иванов.

Изложбата „Бугарија од птичја перспектива“ содржи фотографии кои ја покажуваат убавината на бугарските природни и историски знаменитости и дел од колекцијата на Државниот културен институт при Министерството за надворешни работи на Република Бугарија.

За првпат изложбата беше претставена надвор од Бугарија минатата година во изложбениот простор кај Арката на мирот во Милано, а организатор беше Генералниот конзулат на Република Бугарија во Италија. Фотографиите се автентично патување низ живописни предели кои авторот Александар Иванов ги снимил со својот објектив, летајќи стотици километри, во период од 17 години, односно над 500 часа лет со моторизирана едрилица над различни делови на Бугарија.

Слични Објави