ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА УБК АТАНАСОВСКИ СЕ ЖАЛИ ВО СТРАЗБУР ЗА ПРЕДОЛГИОТ ПРИТВОР

Вести Истакнато Македонија

Поранешниот директор на УБК и осомничен за настаните на 27. април во Собрание во 2017 година, Владимир Атанасовски се жали во Стразбур поради предлогиот притвор, објави „Телма“.

Во апликацијата која неговиот адвокат ја поднел до меѓународниот суд за човекови права напишал дека Атанасовски не е запознаен со ниту еден доказ и покрај тоа што во неколку наврати го барал тоа од обвинителството. Тоа што често патувал во Словенија, тоа што е невработен, нема имот и семејство  според неговата одбрана се неосновани аргументи за судот да го држи повеќе од четири месеци во притвор.