Поранешниот министер за финансии Хајредини: Лесно му е на ММФ да ни позајми 530 милиони евра, но тешко нам ќе ни биде да ги вратиме

/

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини преку социјалните мрежи се огласи по повод одлуката на ММФ да позајми 530 милиони евра на нашата држава.

Тој вели:

-Лесно му е на ММФ да ни позајми 530 милиони евра, тешко нам ќе ни биде да ги вратиме, порача Хајредини.

Инаку, мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) пред два дена даде зелено светло за доделување 530 милиони евра на Република Северна Македонија преку кредитната линија за претпазливост (ПЛЛ – The Precautionary and Liquidity Line) во рок од 24 месеци.



– Ова е големо признание за економските политики кои се спроведуваат во земјава, бидејќи Фондот овој финансиски инструмент го наменува само за земји со здрави економски фундаменти и со здрави политики, информираа попладнево од Министерството за финансии.

По финалното одобрување на овој инструмент од страна на Бордот на ММФ, кое се очекува подоцна во текот на овој месец, на нашата земја веднаш ќе и бидат ставени на располагање 110 милиони евра за финансирање на буџетските потреби и за полесно соочување со шоковите кои ги донесе енергетската и ценовната криза.



Претходна статија

Се уште не е закажана седница за избор на Пенов за министер

Следна статија

Бесими: Издвоивме најмногу средства за мерки како процент од БДП во регионот, во борбата со енергетската и ценовната криза

Најново од Вести