| |

Поранешниот прв бугарски дипломат Николај Милков избран за нов амбасадор на Бугарија во САД

Поранешниот шеф на бугарската дипломатија Николај Милков е избран за нов амбасадор на Бугарија во САД, објави Нова телевизија, пренесува БГНЕС. За официјално да стапи на должност, неговото назначување треба да биде потврдено со указ на претседателката Илијана Јотова.

Милков е дипломат од кариера, кој од август 2022 до мај 2023 година беше министер за надворешни работи во привремената влада на Галаб Донев. По завршувањето на мандатот беше назначен за постојан претставник на Бугарија во Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел.

Во дипломатската кариера бил амбасадор во Романија, Канада и Франција, генерален конзул во Њујорк и постојан претставник на Бугарија при УНЕСКО во Париз.

Слични Објави