Поранешните министри за одбрана на Бугарија и Романија побараа поморска мисија на ЕУ за безбедна и слободна пловидба во Црното Море
Поранешните министри за одбрана на Бугарија и Романија, Бојко Ноев и Јоан Мирча Пашку, ја повикаа Европската Унија да воспостави специјализирана поморска воена мисија за заштита на безбедноста и слободата на пловидбата во Црното Море.
„Пред две години, поради заканите од дронови во Црвеното Море и во околните води, ЕУ воспостави специјална мисија. Нејзиниот штаб е во Грција. Станува збор за борбена група составена од бродови и други средства што се грижат за безбедноста на пловидбата.
Нема потреба бродови на други држави да влегуваат во Црното Море. Флотите на Бугарија и Романија се сосема доволни за да ја држат под контрола заканата од дронови и, доколку е можно, да ја спречат. Но, потребна им е поддршка со дополнителни средства и набљудување од воздух“, објасни Бојко Ноев за Бугарското национално радио (БНР).
Во емисијата „Нешто повеќе“, Ноев истакна дека прашањето не се сведува само на пари и предупреди дека може да дојде и до излевање на отровни материи.
Во Романија нема никакво сомневање околу тоа што треба да се направи, посочи поранешниот бугарски министер за одбрана.
„Штетите не се ограничени само на територијалните води на Бугарија и Романија. Тоа се води на ЕУ.“
„Должни сме да го заштитиме нашето крајбрежје“, заклучи Ноев.
