| |

Илијана Јотова го доби уверението од Централната изборна комисија за нејзиниот избор за претседателка на Бугарија и порача дека довербата на граѓаните се оправдува секој ден

Новоизбраната претседателка на Бугарија, Илијана Јотова, повика на национална слога, надминување на поделбите во општеството и обновување на конструктивниот дијалог меѓу институциите, откако од Централната изборна комисија го доби официјалното уверение за нејзиниот избор. Таа истакна дека довербата што им ја дадоа бугарските граѓани е одговорност и дека заедно со потпретседателот Кирил В’лчев ќе треба секојдневно да ја оправдуваат таа доверба, пренесе БНР.

Осврнувајќи се на својата речиси 30-годишна политичка кариера, Јотова нагласи дека знае колку вреди секој добиен глас и каква одговорност носи тој. Според неа, еден од најголемите предизвици за политичарите е да ги сослушаат своите политички противници, да ги разберат нивните аргументи и, и покрај разликите, да бараат заеднички решенија за прашањата од значење за земјата.

Слични Објави