|

ПОРТУГАЛСКАТА МОРНАРИЦА ЗАПЛЕНИ 2 ТОНА КОКАИН ВРЕДЕН 70 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Португалската морнарица заплени два тона кокаин од јахта во Атлантски Океан, вреден 70 милиони евра и уапси двајца странци на возраст од 51 и 53 години, соопшти португалската полиција.

Запленувањето се случило во екстремно тешки временски услови, бидејќи во тоа време дувала силна бура, пренесува АП.

Операцијата била спроведена со помош на полицијата на Бразил, САД, Велика Британија, Франција и Шпанија, чии разузнавачки служби собирале информации за да помогнат во лоцирање и пресретнување на јахтата.

Извор: Макфакс



Слични Објави