TINEX СО ДОНАЦИЈА ОД 100.000 ДЕНАРИ ЗА КЛИНИКАТА ЗА ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ ВО СКОПЈЕ

//

Како знак на поддршка на здравствениот систем и здравствените работници и нивниот придонес во борбата против вирусот COVID-19 , компанијата Tinex денес направи донација во вредност од 100.000денари, за потребите на Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, пренесува Канал 5.

Материјалната донација на Tinex се состои од 100 сета постелнини (креветски чаршав и навлаки за перници) и средства за лична хигена како: 153 парчиња средство за дезинфекција на површини (500мл.), 35 парчиња антибактериски гелови за дезинфекција на раце (450мл), 200 парчиња течен сапун за раце (500мл.), 192 парчиња влажни марамчиња пакување 64/1, 288 парчиња бришачи за раце пакување и 84 парчиња тоалетна хартија пакување 24/1.



„Новонастанатата ситуација со ширење на вирусот COVID-19 во нашата земја наметна нови предизвици за сите поединци, компании и институции во државата, но најголемиот притисок беше ставен врз здравствениот систем и здравствените работници.

Претходна статија

ДОКТОР ВРАБОТЕН ВО ПСИХИЈАТРИЈАТА ВО ДЕМИР ХИСАР СО ПОЗИТИВЕН ТЕСТ ЗА КОВИД-19

Следна статија

(ВИДЕО) ТАТКОТО НА ЕДЕН ОД ТЕПАЧИТЕ: „ЕДНО ДЕТЕ ИМАМ АМА ЗАКОПА МЕ ВИШЕ“

Најново од Вести