КОМОЦИЈАТА НА СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ВО ИСТОКОТ ЌЕ ЈА ПОРЕМЕТАТ ГДУ И ЛЕВИЦА

По неколку циклуси изборна осаменост, комоцијата на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во Изборната единица 3 овој пат ќе им ја пореметат ГДУ и Левица.


Двете мали партии се во експанзија со за нив надежни анкетни резултати кои можат да ги однесат во Парламентот.

Со намера да бидат погласни, порелевантни и нешто конечно да сменат во изборниот натпревар влегува и ГДУ на Петар Колев.
Освен за граѓаните, ГДУ во последните 12 месеци е интересна и за големите партии зашто на анкетите оваа партија е веднаш до нив, што значи, трошок на гласови ке имаат и по ставката ГДУ.

„И за нас е сериозен предизвик на следните парламентарни избори да ги спротивставиме нашите аргументи и визии за развојот како на Источниот регион така и на Р. Македонија со етаблираните партии,пред нас седи и можноста нашите капацитети ,со нашите предлози, идеи и кадри да се обидеме врз базата на нашите утврдени ставови политички од гледна точка на реалноста , вистината , аргументите кој се дел од нашето секојдневие ,да се обидеме да предизвикаме создавање алтернатива во општеството“ изјави Петар Колев за првиот зборен настап на партијата.


Но, какви се шансите на малите партии на овие избори во очите на аналитичарите.
„Шансите на малите политички партии можеби се мали ,но не се изгубени , македонската политичка сцена во парламентот треба да се подобри политичкиот плурализам.Како што беше на првите парламентарни избори за демократски исчекор на Македонија и одраз на јавните политички потреби на граѓаните кои се разликуваат од место во место и етничката разлика“ изјави Љубиша Николовски-политички аналитичар.

 

Извор: ТВ Стар