ВО ГЕРМАНИЈА ПРВ СЛУЧАЈ НА КОРОНА ВИРУСОТ

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот корона вирус, пренесува агенцијата Ројтерс.

Баварската здравствена канцеларија потврдила дека синоќа случајот е потврден кај жител на градот Штарнберг, место кое е оддалечено 30 километри од Минхен.

Според странските медиуми, пациентот засега е во добра состојба и е под надзор на лекарски екипи.