Поскапуваат цените на горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 % во однос на Одлуката од 24.1.2022 година.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,00 денари/литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,509 денар/килограм и сега ќе изнесува 44,722 ден/кг.
Од 1.2.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 79,50 (денари/литар),
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 81,50 (денари/литар),
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 71,50 (денари/литар),
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,50 (денари/литар),
Мазут М-1 НС 44,722 (денари/килограм).
Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 1,601 %, кај дизелот за 0,766 % , кај екстра лесното масло за 0,086 % и кај мазутот за 0,271 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,005 % .