| |

ПОСТИГНАТ Е ДОГОВОР ЗА БРЕГЗИТ

Нема повеќе одложувања. Постигнат е договорот за Брегзит. Во тек е прес конференција на Претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен и преговарачот за Брегзит за ЕУ, Мишел Барние.

Конечно постигнавме договор, рече Фон Дер Лајен.

Патот беше долг и трнлив, но затоа имаме добар договор. Фер, избалансиран праведен за двете страни, изјави Фон Дер Лејен.

Британската влада соопшти дека договорот е фантастична вест, како и тоа дека е вратена контролата врз сопствените пари, граници, закони, трговија и водите за рибарење.

Се очекува во секој миг, од одмор ќе биде повикан британскиот парламент за да го ратификува договорот долг две илјади страници. Квотите за рибарење во британските територијални води беа една од најголемите кочници за официјалниот Брегзит.

Што точно е договорено ќе соопшти премиерот на В.Британија, Борис Џонсон, чија прес конфренеција се очекува во секој момент.

Претходно, извори од Брисел јавувија дека премиерот Џонсон е подготвен да прифати на ЕУ да и врати само 25 проценти од вредноста на рибите кои ќе се уловат во британските води за време на преодниот период од петипол години. Велика Британија инстистираше на 35% за период од три години.

До конечниот излез на Велика Британија од ЕУ остана само уште една недела.

Слични Објави