ДЕНЕШНАТА АГРЕСИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ КОН БУГАРИЈА Е ОДГОВОР НА ЛОШО ПРИКРИЕНА БОЛКА (1)

Големи бронѕени коњи и големи мермерни цареви јаваат развиорено низ колективната неосознаеност на македонските државници. Коњите и царевите би требало да бидат симболи на вечна слава, но во суштина се симптоми на прикриена траума.

loading...

Базов идентитет
Кон крајот на 19 – век во областа Македонија, останата во рамките на Османската империја, живеат луѓе од различни етнички групи. Таму живеат Бугари, Турци, Грци, Албанци, Власи, Роми… Тоа го покажуваат огромен број документи. Еден поголем текст со наслов „Битолско, Преспа и охридско“, објавен во „Зборник за народни умотворенија, наука и книжнина“, книга четврта во 1891 година, корекно ги презентира одредени податоци за етничкиот состав, условите за живот, школското дело, верските обичаи, на луѓето од овие области. Нема Македонци меѓу наведените етнички групи. Имиграциските бранови кон Америка од Македонија по ослободувањето, по Илинден 1903 и за време на војните од 1912-1918- та година, го покажуваат истото. Во гратчиња како Гранит сити живеат и работат голем број Бугари од македонските делови. Весникот „Народен Глас“ и издаваните во тоа време зборници, јасно покажуваат каква е етничката припадност на тие луѓе, бугарска е додека не се американизира во втората половина на 20- от век. За големиот број на бегалци од Македонија кон Бугарија исто така нема дилема. Тие не се Македонци, туку Бугари од запалена Македонија.

Насилен идентитет
Денешните македонски земји биле и се, арена на долгогодишни судири на етничка и верска основа. Во последните децении на 19 век и на 20 век разни држави и секакви политички субјекти водат „семинари“ за идентитетот на територијата на Македонија. Бугари, Срби, Грци, Турци, четници, нивните војски, учени и недоучени, Коминтерната, служби за безбедност, публицисти, итри манипулатори и закоравени предавници, работат на тој терен долго и упорно.  Записите од овие семинари се водени не само со мастило туку и со крв. Цитираниот погоре текст од „Зборникот“ точно го одразува бурниот и крвав развој на тие идентификациски судири.

„Градот Битола во последно време се претворил во важен центар за сите пропаганди кои се водат на територијата на Македонија“. Во тие текстови следуваат примери за самосвеста на бугарското население а исто така за српската и грчката политика. Во романите на Димитар Талев се опишани слични судири. Драмата на Бугарите во Македонија се изразува во тоа што неколку генерации растат и се воспитуваат во кралството СХС, потоа во кралството Југославија, па во СФРЈ. Во текот на сите овие години тие луѓе стануваат објект на србизирање, македонизирање и промена на нивнта историја. Како последица од тоа Бугарите ги снемува од етничката карта на Македонија и на истата се појавуваат Македонците. Истите тие Македонци се претворени од топоним во етноним и се појавуваат во манипулираните цитати и сведовшта на денешните теоретичари на вообразената македонска заедница.



loading...

Автор: проф. Валери Стефанов

ПРОДОЛЖУВА…