„РАСТРЧАНИОТ“ БУГАРСКИ АМБАСАДОР И НЕИСПРАНИТЕ СО ГОДИНИ

Силно се надевав дека нема да прочитам или слушнам поголема гадост родена од паметната глава на некој македонски вообразен интелектуалец, како оние што ги раѓа мозокот на „модерниот“ Горан Михајловски, но сум се излажал. Штафетата „Кажи,напиши, смисли поголема глупост за Бугарија и Бугарите“ од перото на Пиже ја презеде неговиот колега Жоро, но овој пат не како новинар и остар пишувач, туку како заменик министер за локална самоуправа на РМ.

loading...

Вчера вечер г-нот Димитровски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 изрази став дека бугарскиот амбасадор се растрчал со некакви хуманитарни акции за разни деца со попречености, бидејќи Бугарија преку тоа се обидувала да ја испере својата вина за ветото за Македонија за почетокот на преговорите со ЕУ.

Што мисли заменикот министер за локална самоуправа, пред кого тоа треба да се пере Бугарија? Прво затоа што одамна Бугарите се господа луѓе за вас и таквите како вас и второ затоа што таква гадост како вашата нема да изусти ни политичар од ковот на Красимир Каракачанов, кој знае да биде и повеќе од директен во своите настапи.

Господине Димитровски, бугарскиот амбасадор и бугарската амбасада се грижат за „разни деца со попречености“ веќе неколку години наназад и не го прават тоа за да се исперат пред некого, најмалку пред луѓе на вашето ниво, туку го прават затоа што државата немала доволно средства и поради тоа на тие деца им е потребна додатна помош.

За сите хуманитарни акции на бугарската амбасада во Скопје можете да се информирате на сајтот на амбасадата. Ќе можете да се убедите и сами дека акциите не зачестиле сега после бугарското вето, туку тие се случувале и претходно кога на ликови како Жоро, Пиже и Ерол Ризаов, Бугарите им биле „браќа“… да потсетам, пред фамозното вето.

Деградацијата е тотална…

Македонската квазиинтелигенција со силно изразено југословенско педигре зеде по еден копач во рака и започна да ја копа јамата на дното за да докаже дека комплексите не бираат терен и тема за да избијат на површина.

Бугарите се перат со донации за деца со попречености, Бугарите се перат со договорената донација на вакцини, Бугарите се перат… ама вие каде ќе одите вакви извалкани од омраза и површност. Каде бе другари, антифашисти, асномци и Македонци со големо М. Каде ќе одите вака?



loading...

Ќе си пукнат во кожите поранешните титови пионери што дојдоа до ситуација Бугарите да им маваат клизачи по патот на европеизирањето на нивниот комунистички македонизам, што упорно сакаат да го претстават како некаков антифашизам.Изветвени се тезите дека Бугарија не е доволно јака да им удри рачна, Бугарите се клошари без ташаци кои не смеат да зуцнат против гордите газобакнувачи на Тито.

Помина тоа време другари, помина и тоа не ви дава мир. Давете се во сопствената омраза, а за тоа колку сиромашна е Бугарија ич да не се секирате. Тие најсиромашни во ЕУ, а ние процветани на прагот на Унијата со чадор што ги чува пациентите во битолската болница од несакан пад на гомна врз нивните глави.

Евидентно е дека Тито, најсаканиот необврзан лидер на светот, не можел и не знаел да ве научи барем на основно воспитание, вам неговите апологети. Тој ве научил на она што самиот го знаел да се биде понизен пред силниот, а насилен пред слабиот и блискиот. Затоа сте понизни само пред Грците и Србите. Вие си знаете. Но за тоа нешто научија и во Софија, разбраа со какви болни мозоци си имаат работа овде.

Беда… тотална беда. И најпропаднатиот неписмен и претепан од животот скот не би си ја дозволил истата. Ќе се перел некој пред вас… а вие жални и неиспрани со години.

Автор: Атанас Величков