Facebook статус на Димо Петкоски
Интернет “патриотите” побрзаа да постираат слогани “И јас сум Ламбе”. Се грозам од душегрижници кои се жртви на анти-европска и анти-западна пропаганда. Изненаден сум и од “интелектуалците”, тие кои со омразата и фрустрација се излигавија пишувајќи погрдни зборови за Бугарите.
Пропаганда која ве отру и остави да гниете во мрачните лавиринти за удбашките интереси. Оние кои ја искрадоа и опустошија Македонија, на нив најмогу им одговара да си ги извадиме очите – сега се во вилите и јахтите и ви се смеат. Ваквите “патриоти” и душегрижници наскоро ќе разберат дека омразата ќе ги дозакопа, ќе разберат дека тоа што се ситат и храбрат заради палење е нечовечки чин.
Замислете, се ситите и се радувате заради палење на здружение на граѓани во 2022год. Очај дечки!!! Тоа се чинови на варварство и неспособноста да тргнете по патот на западната цивилизација, тоа е скриената омраза кон сите оние кои се различни од вас и мислат поинаку. Еден ден ќе се срамите од коментарите и простотилакот што го напишавте по социјалните мрежи.
Се ќе остане запишано и ќе биде пример за идните генерации, пример од што ќе се срамат вашите семејства. Македонија ќе биде дел од Европа, тоа да бидете сигурни! Враќање назад нема!
СтопЗаГоворотНаОмраза #ПријателствоСоработкаПросперитет #МакедонскоБугарскоПријателство
Европа
ЕвропскиВредности
ОдговорностЗаВарварството