МЕДИЦИНСКА СЕСТРА НАПАДНАТА ОД СЕМЕЈСТВО НА ПОЧИНАТ НА КАРИЛ

Вести Истакнато Македонија

Медицинската сестра околу 7.30 часот утринава пред почетокот на утринската смена на КАРИЛ била истепана и навредувана од страна на роднини чиј близок починал на оваа клиника. Вработената била дежурна кога нивниот близок бил сместен на интензивната нега.

Роднината починал, а напаѓачите ја пречекале и почнале да ја удираат и да ја навредуваат и се заканиле дека ова тука нема да заврши и заминале. Таа нема тешки телесни повреди, но се уште е во шок и била веднаш упатена на боледување.

Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека по инцидентот разговарал со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и побарал полициски службеници кои ќе бидат ангажирани на овој оддел.

Ова не е прв инцидент во комплексот „Мајка Тереза“.Слична судбина имаше и медицинска сестра на клиниката за гинекологија кога физички била нападната од роднина на родилка.

Пред скоро три години хирург од дигестивна хирургија беше нападнат со огнено оружје, 37 годишниот напаѓач испукал 7 куршуми од кои два завршија во докторот. Напаѓачот доби 5 години затвор.

Извор: Канал 5