| |

Граѓанското здружение „Цар Борис III“ од Охрид и Фондација „Бугарска памет“ со нова добротворна акција

Граѓанското здружение ,,Цар Борис III” од Охрид подели пакети со храна на социјално ранливи семејства од Охрид. Од здружението соопштуваат дека пакетите се донација од д-р Милен Врабевски, основач и прв човек на Фондацијата ,,Бугарска памет”.

,,За многу години новогодишните и божиќните празници! Голема благодарност до фондацијата ,,Бугарска памет” и д-р Милен Врабевски кои ни помогнаа со нивната донација да донесеме радост за неколку семејства во Охрид на кои најмногу им е потребна нашата поддршка. Среќни и весели празници”, стои во објавата на здружението ,,Цар Борис III” од Охрид.

Слични Објави