| |

Руската амбасадорка во Бугарија Елеонора Митрофанова мора да се јави во МНР за случајот „Грозев“

Руската амбасадорка во Бугарија Елеонора Митрофанова мора да се јави во бугарското МНР. Таа беше повикана откако стана јасно дека бугарскиот истражувачки новинар Христо Грозев се наоѓа на руска федерална потерница, а од неа се очекува да даде повеќе информации за случајот, јавува БГНЕС.

Самиот Грозев објасни дека нема информации за обвиненијата против него. Тој рече дека очекува поддршка од бугарската држава бидејќи се плаши за својата безбедност и за безбедноста на своето семејство.

Досега 4 други земји му понудиле помош. Претседателството објави дека бугарските институции биле во контакт со Христо Грозев уште пред да бидат објавени медиумските публикации и преземени се мерки за гарантирање на неговата безбедност, вклучително и преку соработка со партнерските служби.

Слични Објави