| |

Постојаните претставници на ЕУ одлучија да започнат преговори со Албанија за членство во Унијата

Постојаните претставници на ЕУ на денешната средба во Брисел едногласно донесоа одлука за почеток на преговори со Албанија за членство во ЕУ, јавува БНР. Оваа точка беше на агендата на Комитетот на постојаните претставници (Coreper II) од 25 септември 2024 г и беше утврдена едногласно.

Почетокот ќе биде даден на 15 октомври во рамките на меѓувладината конференција ЕУ-Албанија во Луксембург. Потоа ќе се отвори „Кластер 1 „Основни прашања.“

Во пракса тоа значи одвојување на Албанија и Северна Македонија, велат дипломатски извори во Брисел.



Слични Објави