Претставата „Фустанот за бегство“ на театарот од Враца утре пред публиката во Куманово, во рамките на фестивалот „Денови на комедијата“
Утревечер на сцената на НУТЦ Трајко Прокопиев Куманово, во рамки на програмата на фестивалот „Денови на комедијата“, Драмскиот и куклен театар Враца, со почеток од 20 часот, ќе ја изведе претставата „Фустанот за бегство“, јавува Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.
Бугарскиот Културно-информативен Центар Скопје и оваа година е партнер на фестивалот и го поддржува учеството на театарските друштва од Бугарија.

