ПОСТОЈАНО СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА КОВИД-ПАЦИЕНТИ ВО БОЛНИЦИТЕ, ВО СКОПЈЕ ЗА ЕДЕН ДЕН ХОСПИТАЛИЗИРАНИ 70 ЛИЦА
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 1.537 и има околу 250 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.
Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 916 пациенти позитивни и суспектни на вирусот. Во Скопје бројот на ковид-пациенти е 621, од кои само во последните 24 часа биле хоспитализирани 70 лица. Голем дел од овие пациенти се на кислородна поддршка.
Во скопските болници бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места. Се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравени пациенти да се ослободат и дополнителни места. Во изминатите 24 часа дома биле пуштени 46 опоравени пациенти.
