СДК: ЈАНАКИЕСКИ НЕ САКА ДА БИДЕ ЖРТВА НА БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ
Решението за притвор против мене е базирано на фиктивна белешка на УБК, рече притворениот Миле Јанакиески денеска, објаснувајќи ја жалбата пред Апелациониот суд Скопје, со која бара ослободување од притвор и притоа кажа дека не сака да биде жртва на бегството на Никола Груевски.
На Јанакиески притворот му беше одреден на 14 ноември на барање на СЈО по претходна службена белешка од УБК, дека пробал преку посредник да побара амнестија од претседателот Ѓорге Иванов по бегството во Унгарија на осудениот Груевски. Според таа белешка, наводно, кога Иванов го одбил и рекол дека не може да се меша во судски одлуки, Јанакиески кажал дека штом е така, и тој ќе избега.
Јанакиески тврди дека службената белешка на УБК е фингирана. (Целиот напис прочитајте го овде)

