Мултиперспективно вето

///

Пишува: Атанас Величков

Практично, ни левицата ни десницата не ја доведуваа во прашање својата бугарска провениенција. Тоа ќе го доведе дури и Димитар Влахов во 1948 година на седница на Политбирото, кога говореше за постоењето на македонска нација, да рече дека во 1931- 32 година е направена грешка. Сите тие ветерани останаа само на нивото на политички, а не и на национален сепаратизам“.

Акад. Иван Кантарџиев интервју во магазинот „Форум“ брой 329, Скопие, 22 юли 2000 година.

Откако стана јасно дека Бугарија не планира да ѝ даде „зелено светло“ на РС Македонија да се „европеизира“, бугарскиот претседател Румен Радев во изјава за бугарските медиуми од пред два дена изјави јасно дека обидите на Скопје да ја претстави Софија како некаков „закочен во минатото“ агресор веќе почнуваат да удираат во карпа.

Вчера, во интервју за Euractiv повторно Радев беше повеќе од дециден, РС Македонија прво треба да го промени својот Устав и да ги внесе Бугарите, како дел од народ во истиот, ако сака да добие отворена врата за почеток на преговорите со ЕУ.

Топката веќе е во полето на РС Македонија. Болните историски прашања веќе не можат да се користат како алиби и врз нив да се лепат несмасните обиди на Никола Димитров да го брани исконското право на Македонците да имаат свој идентитет. Бугарија тоа не го негира. А токму тоа беше главниот адут на погоре наведениот „бранител на европските вредности“.

Следната недела Заев си заминува од премиерската функција и во огнот што сама си го запали моменталната власт остануваат да се „печат“ токму Димитров, идниот премиер Ковачевски и првиот дипломат Бујар Османи. Последниот веќе изјави дека 6-те месеци рок за активизација на односите меѓу двете земји наметнат од бугарскиот премиер Петков се предолг период. ДУИ нема време за чекање, тоа го потврди и Артан Груби кој синоќа изјави дека спорот со Бугарија може да се реши за 6 дена.

Се наметнува прашањето колку пати по 6 дена изгуби главниот фронтмен на нападите врз Бугарија, Никола Димитров?

Да бараме ли мултиперспективен одговор или со револуционерен пламен во очите ќе го наречеме најновото бугарско вето мултиперспективно.

„Това вето не е вето“…

Во изјава за бугарската телевизија Европа од 16 септември 2020 година, проф. д-р Драги Ѓорѓиев, шефот на македонскиот дел од историската комисија со Бугарија, вели: Секогаш ќе има дебати за идентитетот на Гоце Делчев и во Македонија и во Бугарија, со оглед на неговото место во пантеонот на националните херои. Ако постои добра волја од двете страни, може да се постигне резултат. Еден начин е „мултиперспективноста“. Двете гледишта за Гоце Делчев мора да постојат паралелно. И тоа нема да биде пречка тој да се слави од двете страни“.



Ете го рецептот како РС Македонија полесно да го „преживее“ ветото… Мултиперспективно. Нема вето, туку само нова шанса за градење на довербата меѓу двете земји. Ако некој во Скопје си мислел дека Бугарија може да прифати мултиперспективност за голи историски факти од историјата, зошто РС Македонија да не може да ја прифати мултиперспективноста кога се работи за нејзината евроинтеграција? Зошто да не прифати например дека сите Македонци биле Бугари пред 1944 г. Нели е тоа мултиперспективност?

Историјата останува кај историчарите, а политичарите (тие од Скопје) треба да најдат начин како да излезат од ќор-сокакот во кој самите се напикаа.

Не е многу розева ситуацијата нели? Радев си има прашања за средување со Макрон и замислете, истите не се поврзани со РС Македонија, туку со енергетиката. Притисокот врз Бугарија како да го преминува граничниот премин на Деве баир и што е пострашно, и покрај ужасниот пат, брзо доаѓа кон Скопје.

Како тоа ќе им се објасни овде на луѓето кои гледат како државата им се рони од 30-те години „домаќинско“ работење на сите политички гарнитури досега јас не знам. Ничија обврска не е, на ниту еден државен функционер, кој плаќал пропагандистички анализи и статии изготвени од невладини организации и објавени во угледни западноевропски весници.

Знаеме, дека политичарите од власта нема да успеат да им го објаснат мултиперспективно на македонските граѓани, ветото од бугарска страна. Ниту имаат капацитет за тоа, ниту желба. Нивниот дострел си останува флоскулата „некој друг ни е крив за сопствените неуспеси“. Кога тој некој кривец е Бугарија, тогаш никој нема потреба од мултиперспективност. Тогаш се е во ред.

Овие трикови веќе не поминуваат. Луѓето се наслушаа на оправдувања. Се наслушаа и на демагогии измешани со вистини, полувистини и целосни лаги. На потег е Скопје. Така сонуваната европеизација преку отворање на преговорните поглавја е на еден збор од остварување… Бугари.

И немојте да се плашите…

Како што вели покојниот академик и пионер на македонската историографија Иван Катарџиев (1926-2018) „Практично, ни левицата ни десницата не ја доведуваа во прашање својата бугарска провениенција.“ Со мултиперспективност во пристапот или не… таму каде што течело пак ќе тече и од тоа нема бегање. Во еден момент дури ќе им биде жал на некои, зошто многу порано не ја примениле формулата на Ванчо Михајлов за грубо речено политичкиот македонизам. Многу судбини немало да бидат уништени и многу животи немало да бидат скратени. Но има простор за дејствие и за оптимизам. Сосема за крај, треба да ни биде јасно дека РС Македонија нема кондиција за рововска војна со Бугарија, затоа надлежните да не губат време и да го најдат патот кон Софија, бидејќи историски таму секогаш се наоѓал спасот за Македонците.

Претходна статија

(Видео)Ноев: Меѓу Скопје и Софија треба да започне период на повторно градење на довербата

Следна статија

(Видео)Проф. д-р Јован Донев: Турското и српското влијание во Македонија се огромни и никој не ги контролира

Најново од Истакнато

Ќорсокак

Пишува: Владимир Перев На 24 јуни 2022 година стана пресврт, револуција во менталната матрица на бугарите