|

Повеќе од 100 лица го гаснат пожарот во Пирин

Околу 100 припадници на противпожарните служби, шумските стопанства, армијата и доброволци и денеска продолжуваат со гасење на тлеечките остатоци во огромниот периметар зафатен од огнената стихија во Пирин, јавува БГНЕС.

Во исклучително тежок и карпест предел над селото Плоски, со наклон од над 70 степени, синоќа било совладано и третото жариште на повторно активираниот пожар, јави БНР. За да се обезбеди вода за гаснење, пожарникарите изградиле систем од црева и шлангови со должина од над 800 метри. Други екипи работеле на гасење на тлеечките жаришта по периметарот и во внатрешноста на зафатената површина, каде што дронот на противпожарната служба регистрирал чадење.

Голем број доброволци се приклучиле во акцијата, бидејќи опожарената површина е огромна – над 45 илјади декари. Паднатиот дожд синоќа, заедно со пониските температури, придонел да не се појават нови запалувања.



Слични Објави