ПОВЕЌЕ ОД 50 ПРИПАДНИЦИ НА АМЕРИКАНСКИТЕ ТАЈНИ СЛУЖБИ СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО НЕМИРИТЕ ВО ВАШИНГТОН

/

Повеќе од 50 припадници на американските безбедносни служби се повредени во судирите со демонстрантите кои учествуваат во насилните протести предизвикани од смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицијата во Минеаполис пред една недела, пренесува Фокс њуз.

Висок претставник на безбедносните структури во Вашингтон, ја потврди информацијата за американската телевизија.
Изворот вели дека демонстрантите фрлиле запаливи материјали врз безбедносните сили.

Покрај припадници на американските тајни служби, во Вашингтон беа испратени и дополнителни трупи на Националната гарда и делови од Маршалската служба за да ги задушат немирите во главниот град на САД.

Според информациите за последните три дена, за време на протестите веќе се приведени околу 4100 лица.





Претходна статија

МЗ: НОВИ 89 СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС И 7 ПОЧИНАТИ ЛИЦА

Следна статија

ЗЕКИРИ КОНТРА ЗАЕВ: НЕ СЕ ЗАРАЗИВ КАЈ БРАТ МИ НА ИФТАР, ЦЕЛО ВРЕМЕ СИ БЕВ ДОМА

Најново од Вести