| | | |

(Видео) Првиот бугарски дипломат Георг Георгиев за помошта за Кочани: „Горд сум на реакцијата на мојот народ“

Реакцијата на мојот народ, на мојата држава, ме прави да се чувствувам многу горд како Бугарин. Ова го изjави шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев по повод помошта што Бугарија ја пружи на Северна Македонија по трагедијата во Кочани. Георгиев беше гостин во емисијата „Брисел 1“ на познатата бугарска новинарка Милена Милотинова, која се емитува на бугарската телевизија BulgariaOnAir.

Сè што направивме, го направивме од срце, без да бараме некаков политички дивиденд. Политичарите исто така се луѓе, па ако ова оставило човечки отпечаток кај нив, сигурен сум дека тоа ќе се покаже и во нивните политички постапки“, додаде Георгиев.

Георгиев нагласи дека Бугарија постапила совесно и дека тоа е правилно, цивилизирано и морално. „Не само затоа што сме соседни држави, не само затоа што сме братски народи, туку затоа што таму имаше луѓе во потреба, кои не можевме да ги игнорираме“.

Во однос на условите за почеток на суштинските преговори со ЕУ на РС Македонија министер Георгиев подвлече дека внесувањето на Бугарите во уставот на РС Македонија е услов, што треба да биде исполнет за да почне самиот процес, кој ќе се темели на заслуги и додаде дека во преговарачката рамка се вклучени и останатите обврски на земјата воедно со тоа и почитувањето на договорот со Бугарија и протоколите кон истиот.

„Многу е важно да се знае дека измените во уставот и впишувањето на Бугарите како државотворен народ не е единствениот услов. Не треба удобно да се пропушта во целиот овој разговор, со евентуална цел, се надевам дека тоа не е така, кога впишувањето се случи и се постават останатите услови, некој да рече „Ете, ви рековме дека Бугарите, немаат само едно нешто предвид“. Прво не се работи за Бугарите, туку се работи за целата Европска унија, која стои позади овој консензус. Тоа е многу важен услов, на кој треба да се потсетува непрекинато. Второ во европскиот консезус, протоколите, патната карта, почитувањето на договорите, сето тоа треба да биде факт, бидејќи во спротивно нема да има спроведување на европскиот консензус и заклучоците на советот. Додека тоа не се случи, нема да може да се пристапи кон отворањето на првиот кластер поврзан со човековите права. Ние се надеваме дека ќе ги видиме измените во уставот. Тие ќе го отворат патот кон почеток на европската интеграција, ќе го отвори суштинскиот процес, кој ќе се базира на заслуги. Државата која е кандидат за влез во ЕУ, треба да ги исполни условите што самата ЕУ ѝ ги има поставено“, изјави министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев во емисијата „Брисел 1“.



Слични Објави