|

Пожар кај вештачкото езеро Мантово, зафатени над 15 хектари сува трева

Голем пожар на отворено избувна околу 14.00 часот кај вештачкото езеро Мантово, соопштија од ЦУК.

„Зафатени се околу 15-20 хектари сува трева, грмушки и нискостеблести растенија. Пожарот на еден дел навлезе и во тешко проодна квалитетна мешовита шума“, велат од ЦУК.

„За да се спречи ширење на пожарот во квалитетната шума ангажиран е еден хеликоптер на МВР“, дополнувааат од ЦУК.

Слични Објави