Пожар му се заканува на кочанското село Врбица
Пожарот кој од вчера беснее во Општина Чешиново-Облешево, а утринава влезе и во Општина Пробиштип попладнево се доближи на сто метри воздушна оддалеченост од кочанското село Врбица, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кој е во селото.