|

Пожар на Галичица пријавен утрово: Огнот е изгаснат, но локацијата ќе се набљудува

Од Националниот парк „Галичица“ информираат дека денес, во раните утрински часови, пријавен е пожар на територија на Националниот парк кај место викано Царина од преспанска страна.

Пожарот е локализиран од страна на вработените во НП Галичица, Противпожарна единица-Ресен, МВР-Ресен, граничната полиција и локални доброволци.

Локализираниот пожар ќе се набљудува и понатаму од страна на чуварите на паркот и службите навремено ќе ја известуваат јавноста за неговата состојба.



Слични Објави