|

Пожар на грчки остров, го гаснат 14 противпожарни возила и два авиона

Голем пожар избувна денеска во областа Куварас на истокот од грчкиот полуостров Атика, соопшти Бригадата за противпожарна заштита.

Пожарот избувнал нешто по 12 часот напладне и се шири низ ниската вегетација. Станбените области во моментот не се загрозени и покрај силниот ветер, пренесува „Екатимерини“.

Како мерка на претпазливост бил издаден итен телефонски аларм, но засега нема извештаи за евакуација. За гаснење на пожарот биле ангажирани копнени и воздушните сили.

Тим од 30 пожарникари го гасне пожарот со 14 возила, поддржани од два водни млаза и хеликоптер.

Слични Објави