Пожар во близина на Визбегово: се крева густ црн час и се слуша пукање
Густ црн чад утрово се крева над Визбегово, а жителите од околните места јавуваат и дека се слуша и пукање. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека се појавил нов пожар во близина на скопско Визбегово.

„Испратени се екипи и пожарот веќе се гасне. Имаме првично известување дека се работи за голем пожар“, вели портпаролката на ЦУК, Надица В’чкова.
Повеќе информации за овој пожар најави во текот на денот.

