ПОЖАР ВО БОЛНИЦАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ ВО КОЗЛЕ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

Запален аспиратор е причина за пожарот во Болницата за детски болести во Козле од кој беше зафатен дел од кровната конструкција. Пожарот е изгаснат и причинета е материјална штета. Нема повредени лица бидејќи пациентите навреме биле евакуирани.

Пожарот бил пријавен кај нив во 09:15 часот, а изгаснат е околу 12 часот.