|

ПОЖАРНИКАРИТЕ- ХЕРОИТЕ НА ГРАДОТ

Град Скопје, во рамките на европскиот проект „Креарт“, стартува со изведба на мурал насловен како „Хероите на градот“ во чест на скопските пожарникари.

Муралот ќе биде изведен на пожарникарската кула во Автокоманда, на површина од 170 квадратни метри. Муралот е дел од проектната активност „Стрит арт“, во организација на Младинскиот културен центар.

Авторка на муралот е реномираната уметница Јана Јакимовска, професорка на ликовната академија во Штип.



Слични Објави