|

Пожарникарите изгаснаа шест пожари на отворен простор

Во текот на вчерашниот ден противпожарните тимови интервенирале на шест пожари вкупно на отворен простор и сите ги изгаснале, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Денеска, временските услови се повлажни и се надеваме дека нема да има многу пожари, велат од ЦУК.

При вчерашните шест пожари на отворено гореле сува трева и ниска вегетација, деградирана ниска шума, отпадоци и слично, во општина Битола, кај с. Лознани; општина Новаци, покрај патот за с. Новаци; општина Велес два пожара – во населбата Речани и кај с. Рлевци; општина Неготино кај с. Војшанци и во општина Куманово во кругот на општината.



Слични Објави