|

Пратеничка на СДСМ: Ако сакате социјален леб делете го бесплатно, предлогот е скандалозен

Скандалозен е предлогот на пекарниците за воведување на таканаречен социјален леб, изјави пратеничката на СДСМ, Лидија Тасевска.

Предложи дека ако пекарниците сакаат да бидат социјално одговорни тогаш, таквиот социјален леб можат бесплатно да го делат на социјално ранливите категории граѓани. Според неа, да се намалува грамажа за цената која е замрзната на 33 денари, е класично изигрување на обврската.

Од мелничко-пекарската индустрија вчера ја предложија можноста за производство на т.н. социјален леб, кој би одговорил на потребите на социјалните категории на граѓани.

Покрај замрзнување на цената на 33 денари, Владата вчера донесе Одлука со која производителите на леб се обврзуваат да го произведуваат и да го стават во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството во декември 2022 година.

Слични Објави