ПРАЗНО ВО СПЛИТ, ЗАДАР И МАКАРСКА

Официјалните статистички податоци велат дека хотелите на Јадран минатиот понеделник имаа повеќе од десетина илијади празни легла (најчесто во хотели со три ѕвездички), додека околу 190.000 легла во приватните апартамите се уште чекаат гости.

За овогодинешната туристичка сезона, која опфаќа повеќе од еден милион гости дневно, нема голем ентузијазам меѓу туристичките професионалци.

Иако бројот на гости е речиси ист како минатата година, (1.015 милиони), насекаде на Јадранското Море, има празни кревети. Едноставно, некои од хотелиерите занесени од ланската побарувачка, кога во август се бараше кревет повеќе, и тогаш тие ги продаваа за безобразно скапи цени, оваа година ги зголемија цените рано и со тоа ја прекинаа продажбата во агенциите, а очекуваниот број поединци ги изневери, пишува Слободна Далмација.

Проблемот со пополнување легла во шпицот на сезоната го имаат само туристичките објекти со просечена или средна понуда. Така на пример, во фамилијарни апартмани со три ѕвездички во моментов најмногу има слободни легла, повеќе од сто илјади. Во хотелите пак со пет ѕвездички нема празни легла, исто како и во луксузните апартмани и вили.

Поради оваа ситуација во август цените на апартамните за изнајмување паѓаат, односно ги уриваат самите домаќини во безмилосната трка за гостите овие денови. Така, во Сплит, Задар, Шибеник, Макарските апартмани може да се најдат за само 30 евра.

Слични Објави