ПОБЕДНИК

И што му вреди на човекот после сите потешкотии во животот од типот-работа, финансии, љубов и секојдневните проблеми, да се вовлече во глувчешка дупка, размислувајќи за раните и повредите кои му се нанесени…

Што ако си ја одземеме емотивната сила за некоја нова врска, работа и заработувачката и си ја прифатиме судбината на губитници, како непроменлива константа на нашиот секојдневен живот? Па нели треба да се бориме со сите предизвици во животот и на крај да излеземе како победници? Победници ќе станеме само ако раните ги претвориме во извор на енергија, кога точно знаеме што сакаме од животот и што можеме да добиеме од него. Тешко е кога раните се свежи, но секоја една рана зацелува со текот на времето, ден, недела па и месеци по повредата. Но додека трае зараснувањето ние веќе може и ќе се наоѓаме на некое посебно место каде ќе уживаме во животот кој го заслужуваме а не да се навраќаме во минатото, да се одмаздуваме и пак да поминуваме низ истите рани.

Со враќањето во минатото само се повредуваме повеќе, од искуството со повредите ќе дознаеме кои луѓе ни се пријатели а кои не заслужуваат место во нашите животи. И без многу загатки ќе разбереме кој бил, кој претендира и кој навистина заслужува место во нашиот живот.

Претворете ги вашите рани во извор на енергија. Игнорирајте ги работите кои не ви се важни и посветете им се на нештата кои навистина ви значат. Променете ги правилата на игра, кој е добар играч секако ќе одигра, нема само да учествува. Живејте го животот по свои правила а не по правилата на некој друг. Почнете да управувате со сопствените одлуки, без да дозволите повредите да управуваат со нив. Нека контролата биде ваш сојузник, нешто кое е најважно во самите нас. И запомнете сѐ она што не ве убило само ве направило посилни, ве донело на пиедесталот на животот како победници.

Автор: Фросина Китановска

Слични Објави